Ромео Хернандез и Јулија Шифлет се родиле во болница во Јужна Каролина. Две различни семејства, различни родители кои случајно ги избрале нивните имиња.

Името Ромео било дадено по пејачот Ромео Сантос, а името на Јулија било дадено по ликот на Јулија од ТВ Шоуто “Psych”.  Бебињата се родени во семејствата на  Едвин и Морган Хернандез и Кристиана и Алан Шифлет.  За случајноста да биде поинтересна, ист доктор присуствувал на нивните раѓања.

Родителите не се познавале меѓусебно, додека не пристигнале новинарски екипи во нивните соби за да го овековечат моментот. Приказната брзо се рашири по медиумите, по што родителите се пошегуваа и со договорен брак помеѓу двете бебиња.

Сподели на Facebook
пати видено