Еден маж решил да оди на риба преку зимата, со шишенце ракиичка, како што е ред. Отишол и почнал да прави дупка во мразот. По некое време слуша некој силен глас со ехо, како од небото:
– Тука нема риба!
Мажот малку се подзамизлил, отишол на друго место и пак почнал да копа дупка во мразот. Одеднаш пак се слуша истиот моќен глас:
– Тука нема риба!
Мажот и трет пат се преместил и пак се слушнал истиот глас:
– Тука нема риба!!!
Тогаш мажот погледнал кон небото и прашал:
– Абе кој си ти?!!!
Гласот одговорил:
– Директорот на лизгалиштето.

Сподели на Facebook
пати видено