Петгодишното момче коешто стана симбол за ужасот и трагедијата во Сирија кога грозоморната слика со детето прекриено со крв и прав го шокираше светот повторно се најде со своите родители откако беа разделени за време на воздушен напад. Омран Дагнеш седел збунет и отсутен кога го ставиле во амбулантната кола откако бил извлечен од рушевини во Алепо кој речиси е срамнет со земја по последните воздушни напади.

dt01 dt02

Медицинската сестра која му укажала помош на храброто момче раскажува дека Омран не пролеал ниту една солза, сѐ додека не ги видел мајка си и татко си кои му се придружиле во болницата кратко време по неговото пристигнување.

dt03 dt04

„Тој не кажа ништо друго, само праша за родителите“, раскажува Абу Раџаб од Сириско-американското медицинско здружение. „Дури кога виде, Омран почна да плаче.“ Друга сестра кажала дека младото момче – кое било извлечено од рушевините еден час по ударот – било во бунило кога пристигнало во болницата.

„Беше како да спие. Не во несвест, туку трауматизирано – изгубено“, вели Махмуд Абу Раџаб.

dt07

Докторите стравувале дека момчето можеби претрпело внатрешни повреди кога останало заробено под рушевините на зграда која целосно се срушила еден час откако било спасено. Но, повредите на Омран се површни и сестрите му ја преврзале главата и окото и го пуштиле од болница. Петгодишното дете живее заедно со неговите мајка, татко и трите други деца, и по некое чудо сите го преживеале ужасното бомбардирање. Осуммина луѓе, вклучувајќи и пет деца, ја немале таа среќа и загинале во текот на бомбардирањето. Сликата со ова дете стана еден од многуте симболи за страдањето и ужасите кои ги трпат најневините…за што?

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено