Штотуку дипломиран адвокат си отворил адвокатска канцеларија. Немал ниту еден клиент долго време. Конечно, секретарката му рекла дека еден човек го бара. Адвокатот ѝ рекол да го пушти внатре, но после 10 минути. Десет минути подоцна, кога човекот влегол во неговата канцеларија, адвокатот го држел телефонот и се преправал дека разговара со важен клиент:
– Г-дине министре, не можам да го земам вашиот случај за помалку од 500 евра! Јас обично земам околу 1000, но за вас, се разбира, би имало мал попуст…
По затворањето на телефонот, адвокатот се свртел кон новодојдениот човек и го прашал:
– Како можам да ви помогнам?
– Јас работам во вашиот телефонски оператор. Ме пратија овде затоа што телефонот не ви работи…

Сподели на Facebook
пати видено