Првата светска војна воведе пронајдоци  кои се покажаа толку корисни што останаа популарни долго по завршувањето на војната. Еве ги приказните зад најинтересните пронајдоци:

Сончеви светилки

Германските деца се разболувале поради неухранетост и рахитис, како резултат на недостаток на витамин Д. Имало недостаток на храна за време на војната особено за сиромашните. Бидејќи децата биле многу бледи докторот Курт Хулдсшински одлучил да ги стави неговите пациенти под светилки од жива и кварц кои испуштаат ултравиолетови зраци.По некое време, почнал да забележува дека коските на децата станувале посилни. 6 месеци по третманот ги оставал децата да седат надвор на сонце по неколку часа на ден и тогаш лекарите ја согледале потребата од сонцето за апсорбирање на витамин Д.

Вегетаријански колбаси

Поради недостаток на храна Конрад Аденауер, градоначалник на Келн за време на војната, презентирал нов вид леб направен од брашно од ориз, јачмен и романско пченкарно брашно. По повеќе испитувања, тој открил дека сојата може да го надомести недостатокот на месо.Тогаш е роден колбасот Фриденсвурст.

Кесички со чај

Во почетокот на 20 век, чајот бил пакуван во тешки дрвени кутии. За да се намалат трошоците американскиот трговец на чај, Томас Саливан, почнал да пакува чај во мали свилени кеси во 1908 година. Потрошувачите не го разбирале пакувањето и ја потопувале кесичката во нивните чајници.

Патенти

Патентот бил измислен во 1860 година но не бил веднаш ставен во употреба за облека. Гидеон Сундбек, главен дизајнер на на компанијата Universal Fastener, го осмислил она што го нарекувал “безжичен спој”. Американската војска почнала да додава патенти на нивната облека а потоа се проширила модата и кај цивилната облека.

Нерѓосувачки челик

За време на војната, британската војска барала метално оружје што може да ја издржи топлината на повторното пукање. Тие побарале помош од металургот Хери Брејли од Шефилд. Брејли почнал да експериментира со додавање на различни елементи во челикот. Со влажната клима на Англија, не му било потребно многу време да забележи дека металите произведени со додавање на хром не ‘рѓосуваат. Така тој го измислил нерѓосувачкиот челик.

Санитарни влошки

Ернст Малер и Џејмс Кимберли посетувале компании за хартија во Австрија и Германија во 1914 година и тогаш забележале материјал кој подобро абсорбира и е поевтин од памукот. Тие го патентирале производот како Cellucotton и тој бил користен како завој во војната. Но медицинските сестри пронашле и друга намена за овој материјал во оние денови од месецот. По војната не постоела потреба од производот се додека луѓето не ја слушнале приказната за медицинските сестри и во 1920 овој производ бил наменет за жените под името Котекс.

Летно сметање на времето

Во 1784 година, Бенџамин Френклин предложил Летно сметање на времето за Франција. Тој верувал дека премногу свеќи биле потрошени во долгите летни вечери. Нов Зеланд и Велика Британија ја имале истата идеја околу крајот на 20 век, но никогаш не била имплементирана. До 1915 година, во Германија имаше недостаток на јаглен и други ресурси. За да се спаси светлината и топлината во есен и пролет, владата го усвои Летното сметање на времето. На 19 март 1918 година, Конгресот ги утврди временските зони што ги користиме денес, а земјата остана на летно време за време на војната.

Преносни ренгенски апарати

Кога започнала Првата светска војна, повеќето медицински машини биле обемни и тешки. Марија Кири сфатила дека животот може да се спаси ако лекарите можеле да видат каде биле поставени куршумите и шрапнелите во војниците. Кири собрала пари за да развие помали рендгенски апарати и да ги инсталира во француските воени возила.

Комуникација помеѓу копното и воздушниот сообраќај

Гиљермо Маркони го измислил радио во 1894 година, но се до Првата светска војна сфатиле која е вредноста на комуникацијата меѓу пилотите и екипажот на копното. Двонасочните радија биле инсталирани во американските авиони во 1916 година.

Земјоделски ѓубрива

Процесот потребен за да се направи амонијак од атмосферскиот азот го развиле Фриц Хабер и Карл Бош во Германија пред почетокот на војната. Со можноста за производство на амонијак и нитрати потребни за да се направат експлозивни направи Германците направиле се повеќе и повеќе оружја и ја продолжиле војната со години.

Сподели на Facebook
пати видено