Двапати, Цутому Јамагучи бил на погрешно место во погрешно време. 6 август 1945 година, требал да биде последен ден на работа на Цутому Јамагучи во Хирошима, откако три месеци работел да дизајнира танкер од 5.000 тони за својот работодавец Mitsubishi Heavy Industries. Пред да се качи во автобус до канцелариите на бродоградилиштето, Јамагучи сфатил дека го заборавил својот инкан, личен печат за документите и се вратил во својот пансион за да го земе. Тој бил сведок кога авионот Б-29 ја испуштил атомската бомба „Малото момче“, по што следел „блесок на магнезиум на небото“.

Јамагучи брзо реагирал и влегол во систем за наводнување во блиското поле, тој ги покрил очите и ги затнал ушите со неговите палци. Околу три километри од епицентарот на експлозијата, шок бран го подигнал на кратко од земјата, го свртел како мало торнадо и го онесвестил. Кога се разбудил пред него имало само темнина и голем облак во вид на печурка. Во близина имало засолниште каде што Јамагучи се сретнал со двајца ученици кои му посочиле дека е сериозно повреден. Тогаш тој сфатил дека половина од неговото лице било изгорено, како и неговите лакти. Откако одморил во засолништето, тој заминал и ги видел труповите од „масакарот“.

Но, ова нема да биде првата нуклеарна експлозија која Јамагучи ја преживаал таа недела. Три дена подоцна кога тој се вратил дома во Нагасаки, каде што втората и последната атомска бомба во светот била детонирана на 9 август. тој поминал макотрпен пат додека да се врати дома кај неговата сопруга и 6-месечното бебе. Тој се сретнал со двајца негови колеги со кои го продолжил патувањето. тие ја минале ноќта под превртен брод покрај брегот на реката, поминал извиткан мост и места полни со трупови, а кога изел еден бисквит почнал да повраќа. но, тој конечно се качин на возот и тргнал кон Нагасаки.

И покрај лошото здравје тој се вратил на работа на 9 август и му раскажал на неговиот шеф што се случило. Шефот не сакал да поверува дека една бомба може да избрише цел град и му велел дека поради повредите полудел. додека зборувале од прозорецот Јамагучи забележал уште еден ист блесок и се случило истото сценарио. Повредениот Јамагучи излегол од урнатините и тргнал кон неговиот дом. Неговата сопруга и синот преживеале.

Синот на Јамагучи починал од рак во 2005 година, на 58 години, а двете ќерки кои се родиле по нападите и имале здравствени проблеми. Јамагучи имал долг но тежок живот и починал на 93 години, во 2010 година од рак, за кој смета дека го добил од изложеноста на радијација. Цутому години по нападот зборувал за моќта на нуклеарното оружје и колку може да биде штетно. Владат на Јапонија го признала Јамагучи како Nijyuu hibakusha, или двапати бомбардирано лице.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено