Две близначки од Илиноис го шокираа светот пред една година откако се родија со различна боја на кожата. Калани и Јарани Дин во сабота го прославија нивниот прв роденден и една година откако го придобија вниманието на светската јавност.

Иако се близначки Калани има светол тен и сини очи, а Јарани има темен тен и кафеави очи. Нивниот татко Томас Дин е Афроамериканец, а нивната мајка Витни Мајер е од белата раса. Овие две девојчиња наследиле различни гени од своите родители.

Нивните родители биле многу изненадени кога ја виделе разликата меѓу девојчињата. “Го прашав докторот зошто кожата на Калани е толку бела, не ми беше јасно зошто изгледаат толку различно,”вели Мајер.

Шансите за пар со различна боја на кожата да добие близнаци кои се разликуваат по бојата на кожа се 1 во 500 случаи.

Сподели на Facebook
пати видено