Отсекогаш изработувам нешто, се занимавам, или пак претурам по отпадите барајќи нешто корисно. Кога се заинтересирав за правењето работи од дрво (првин тоа беа куќички на дрво) бев тотално шворц и живеев во Бруклин, откако дипломирав на универзитетот Прат, па така наоѓањето на разни материјали ми беше главна преокупација.

По собирањето на најразличен стар дрвен материјал насекаде низ Њујорк и соседните краишта за да изградам внатрешна „куќичка на дрво“ во галеријата на еден пријател, во зимата бев заглавен и почнав да го минувам времето дизајнирајќи маси и декоративни панели со дрвото кое ми остана. Во еден вид среќна околност, моите дела беа видени од компанија на која ѝ беа потребни извесен број маси за нивните продавници на големо и ми нарачаа. Единствените услови беа масите да бидат кружни и со дијаметар 1 на 1.5 метар, и измазнети колку муштеријата да не си замине со парчиња дрво на него, како и дека секој дизајн мора да се разликува од другите.

Така, со речиси целосна креативна слобода во мојата прва зделка, пукав од среќа. Немав претстава како ќе излезе сето тоа додека да завршам, и со оглед на тоа што располагав со ограничени количества на различно дрво, секоја табла претставуваше еден вид загатка, мозаик кој требаше да се состави.

Откако завршив неколку дизајни, сфатив дека почнав да влечам инспирација од неколку стари дизајни на јоргани, кои отсекогаш сум ги сакал. Иако таму не живеам со години, пораснав во Бирмингем, Алабама и сѐ уште имам носталгично катче во срцето, резервирано за југот и нештата кои го прават уникатни. Со тоа, ваквите дизајни почнав посвесно да ги користам за мојата работа и многу од сликите подолу се резултат на тоа. Се надевам дека ќе уживате

gl01 gl02 gl03 gl04 gl05 gl06 gl07 gl08 gl09 gl10 gl11 gl12 gl13 gl14 gl15

Сподели на Facebook
пати видено