Палеонтолозите тврдат дека древните Британци ги јаделе своите мртви роднини пред да „цртаат“ на нивните коски, како дел од морбиден праисториски ритуал. Истражувачите дошле до овој заклучок по испитувањето на човечки остатоци кои биле пронајдени во праисториски археолошки локалитет во една пештера во јужна Англија.

Научниците од Природонаучниот музеј во Лондон и Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) споредија стотици режани траги пронајдени на човечки и животински коски во Пештерата Гуф. Откако внимателно ги испитале гравурите на човечка коска, заклучиле дека канибалите ги јаделе своите роднини, а потоа вршеле ритуални погреби со остатоците.

Една од пронајдените коски (десна подлактица) била откорната, џвакана, а потоа била „украсена“ со дезен пред да биде конечно скршена за да се извлече коскената срцевина. Научниците тврдат дека цик-цак дезенот не е направен при касапењето, туку дека е дел од уметноста на некој нивен ритуал. Покрај тоа, тие веруваат дека ознаките можат да бидат „наратив“ на животот на мртвите или можеби спомен за тоа како тие го загубиле својот живот.

Силвија Бело, истражувач на Калева во Природонаучниот музеј, изјавила: „Остатоците обезбедија недвосмислени докази дека телата се јаделе, но исто така заклучивме дека канибализмот не бил само за преживување туку имал одредена ритуална конотација. Исто така заклучивме дека лицата не починале од насилна смрт, што нзачи дека починале по природен пат.“

Исто така според Бело цик-цак ознаките не се нешто непознато за тој период. Вакви слични ознаки биле пронајдени и на територијата на денешна Франција. Истражувачите сметаат дека овие ознаки имале големо значење за луѓето од тој период, но уште не можат да откријат што точно претставуваат.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено