Таа рече: Немаш убаво тело.
Тој почна да спортува и стана успешен спортист.
Таа рече: Не си доволно храбар…

Тој отиде мировник во Авганистан и се врати со орден за храброст.
Таа рече: Глуп си.
Тој заврши факултет, докторира, и напиша книга.
Таа рече: Не можеш да ме издржуваш.
Тој отвори фирма и започна свој бизнис кој наскоро започна да му носи солиден приход.
Таа рече: Ти си канцелариски глушец.
Тој започна да се занимава со аикидо, нуркање, скок од падобран.
Таа рече: Алчен си.
Тој и купи куќа и автомобил.
Таа рече: Бизнисот направи од тебе ѓаволски бездушен човек…
Тој продаде се и со сите пари изгради домови за бездомниците. Потоа тој отиде кај неа со букет цвеќе, со стари фармерки, ослабен и гладен.
Таа рече: Џабе се трудиш, не те сакам и тоа е…

Сподели на Facebook
пати видено