22-годишниот Џејден Вакер настрадал откако бил нападнат со еден удар од непознат човек во Мелбурн, на 6ти мај. Неговите родители сега водат кампања против ваквите кукавички напади. Кога мајката на Џејден, Хејди и неговиот татко Џон, пристигнале во болницата очекувале да го видат нивниот син со модринки и малку крв, но тој немал ниту една гребнатинка и изгледал како да спие.

„Искрено очекувавме да се разбуди за неколку часа со главоболка и ќе можеме да си одиме дома.“, вели Хејди. Пријателите на Џејден велат дека го удрил човек кој не го ни познавале, а кога Џејден паднал тие слушнале како му пукнал черепот на бетонската патека.

По четири дена лекарите им кажале на родителите дека не можат ништо да направат. На фотографиите може да се види како Хејди ја става главата на градите на нејзиниот син за да му го слушне срцето за последен пат. Неговиот татко Џон плаче до креветот на син му, затоа што знае дека е време да се збогува со него.

„Многу е фустрирачки кога се трудите напорно за негово добро, за онаа што е исправно, а потоа некој ќе ви го искорне од вас.“, вели Џон.

Џејден бил регистриран како донатор на органи и 6 негови органи биле донирани на 6 различни луѓе. Неговите родители се горди што син им и по смртта прави значајни промени во животот на луѓето. Неговите родители не дозволиле да се донираат неговите очи затоа што биле „премногу убави и треба да останат со него“.

Сподели на Facebook
пати видено