Синот отишол на викендичката кај татко си на гости. Поживеал неколку дена и едно утро му рекол на татко си:
– Тато, зошто не го растуриш овој полскиот клозет во дворот. Направи нормален клозет во куќата. Се срамиме пред соседите.
– Ај не ми соли памет – рекол таткото. – Мојот клозет не му пречи никому. Си стои во крајот на дворот, до оградата, во близина на реката. А од дрвјата ништо не се гледа.
– Тато, тоа смрди. Никој веќе не користи такви клозети во дворот.
– Ај доста – се изнервирал таткото. – Не се прави многу паметен. Клозетот останува таму каде што е!
„Добро“ – си помислил синот. „Јас вечерва ќе го решам прашањето радикално“.
Ноќта синот станал тивко од креветот. На прсти влегол во гаражата, го запалил автомобилот и полека, полека со автомобилот го турнал клозетот во реката.
Утрото, таткото влегол гневен во кујната:
– Дали ти го турна клозетот во реката?! – прашал таткото.
– Не знам за такво нешто – почнал да се правда синот.
– Не ме лажи. Ако си признаеш, тоа е половина грев и ќе ти простам. Минатата година синот на соседот им ги скрши скалите, си призна и татко му не го казни.
– Е добро тогаш. Јас бев – признал синот.
Шлап, шлап!!! На брзина му врзал два шамари таткото.
– Ама тато, зошто? Нели рече дека ако си признаам, ќе ми простиш. Соседот како му простил на својот син за искршените скали?
– Да ама кога синот на соседот ги скрши скалите, неговиот татко не е клечеше на нив.

Сподели на Facebook
пати видено