45-годишниот Борис Захуменски, локален словачки политичар од околината на Тренчин кој своевремено ѝ припаѓал на Христијанско-демократската партија, ја запрепастил тамошната јавност бидејќи во петок намерно возел пред возилото на брза помош, дури неколку километри! За случајот да биде уште полош, во возилото се наоѓал постар пациент во критична состојба, а снимката сведочи дека Захуменски за време на тоа ги загрозувал животите и на другите учесници во сообраќајот.

„Јунакот“ на приказната во меѓувреме се јави, но ако си помисливте дека си ја посипал главата со пепел и се извинил, сте се излажале. Захуменски себеси се претставил како жртва, а возењето пред колата на итна помош го нарекол – благородно дело. Да, Захуменски се обидел да ја убеди јавноста дека тој само го пробивал патот со желба пациентот што поскоро да стигне во болницата во Тренчин, и изјавил дека е многу тажен поради реакциите кои го затекле.

„Го ризикував сопствениот живот и новиот мерцедес, за вака да ми се врати. Разочаран сум“, изјавил Захуменски, кој навистина за време на мисијата која сам си ја доделил ги вклучил сите четири трепкачи и трубел.

Како ќе биде казнет, тамошната полиција сѐ уште не одлучила, но затоа јавноста повикува по итна постапка да му се одземе возачката дозвола, но и најсериозно да го упатат на психијатриска проценка.

Погледнете како изгледало тоа, но слушнете ги и реакциите на возачот на брза помош и неговиот колега! Кутрите луѓе не можеле да поверуваат што се случува и цело време викаат полиција.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено