Се гради нов финансиски центар во близина на брегот на стариот дел на Шангај. Дизајниран од британските архитектонски фирми, Фостер и Партнерите и Студио Хетервик, објектот од 420.000 квадратни метри вклучува две високи 180 метарски кули, во кои има канцеларии, хотел и широк спектар на луксузни малопродажни простори. Во срцето на шемата е уметничкиот и културниот центар со флексибилна фасада која што е подвижна и може драматично да го измени изгледот на објектот.

Инспирирани од традиционалните кинески театри, трикатната зграда има фасада од бронзени цевки како завеса што личат на бамбус. Овие цевки висат во три слоја, создавајќи полу-транспарентни екрани пред прозорците и балконите.

Кога дизајнот беше најавен, архитектите ја опишаа оваа фасада како „Подвижна завеса која се прилагодува на променливата употреба на зградата и ја открива сцената на балконот и погледот кон Пудонг“.

Сподели на Facebook
пати видено