Др. Џејсон Оутс од Австралија направил интервенции на над 100 мажи од Австралија на вораст од 22 до 68 години и објаснува дека несигурноста во соблекувалната и ниската самодоверба во спалната соба е главниот мотив за зголемување на тенисот.

Постапката, наречена Калибар, била создадена од пластичен хирург во Перт. Џејсон инјектира дермални имплантанти во тенисот, со што ширината се зголемува за 2,5 сантиметри. Ефектите траат околу две години и може да се дополнат или растворат.

Др. Џејсон се одлучил да ја започне оваа процедура откако голем дел од неговите машки пациенти се пожалиле дека сакаат да си го зголемат тенисот. „За многу момци е ‘комплексот на соблекувална’. Кога сте во теретана под отворен туш и не се чувствувате самоуверено со оваа област од Вашето тело. Голем дел од момците имаат проблем со намалување на тенисот и поради тоа стануваат самосвесни и ми се обраќаат за помош.“, вели Џејсон.

Лекарот вели дека имал пациентка која што инјектирала дермални имплантанти во лицето, а потоа сакала да стави и во градите наместо да прави операција. „Тоа ме натера да размислам, ако можеме да го правиме тоа на лицето зошто да не можеме и таму доле.“, изјавил Др. Оутс.

Џејсон почнал да истражува и започнал со вакви интервенции пред две години. Тој вели дека сакал да биде внимателен, затоа што овој начин на зголемување веќе постоел во Мексико и Кореја но многу од тие мажи добиле разни компликации. „Не создаваме монструозни тениси, не се претвораат во магарешки или нешто слично.“, се шегува Џејсон.

Процедурата е безболна, трае еден час и нема потреба од заздравување. Пластичниот хирург вели дека се е до самодовербата, затоа што поголемиот дел од неговите пациенти имаат нормална големина на тенисот а неколку момци дури имаат и надпросечна големина и сакаат уште поголем полов орган.

Оутс објаснува дека една од причините е и желбата на мажите да ги задоволат своите партнерки во креветот и дека се завршува на зголемена сексуална моќ и машкост.

Сподели на Facebook
пати видено