Уште пред да се роди Дерек Рабело, неговиот татко сонувал тој да стане сурфер. Дури и му дал име според Дерек Хо, првиот Хаваец кој станал светски шампион во сурфање. Но, Дерек се родил слеп поради глауком и сонот на неговиот татко морал малку да почека. Младиот бразилец исто така отсекогаш сакал да сурфа. Кога наполнил седумнаесет години, дознал за сонот на неговиот татко за него, и решил дека е време да го претвори во јаве.

„Отпрвин, татко ми ме охрабруваше и ми помагаше“, раскажува Дерек. „Наутро заедно одевме крај океанот. Но, тој ме прати на курс за сурфање, за да научам и да вежбам повеќе. Вежбав многу и со моите пријатели. Тие отсекогаш ме сметаат за ист како и нив. Го слушам океанот и го чувствувам и секој мал дел на бранот прави различен звук. Така, можам да проценам на кој бран да се префрлам. Ако имате сон, морате да верувате во себе. Инаку нема да успеете. Верувам дека сите ние имаме силни сетила кои ни се дадени од Бог. Користете ги со страст и упорност“, порачува триесет и тригодишниот сурфер кој успеал да го победи својот хендикеп и да го оствари својот сон, како и сонот на неговиот татко.

sr01 sr02 sr03 sr04 sr05 sr06 sr07 sr08 sr09 sr10 sr11

Сподели на Facebook
пати видено