Рас Грамел водел едноставен и скромен живот без никој да знае дека е милионер. Се додека старецот не решил да донира 2 милиони долари за да се создаде „Грамел Природниот резерват“ за заштита на диви животни, кој ќе се протега на површина од 160 хектари, во Амбој, Илиноис, за да можат луѓето да уживаат во природата како што тој уживал во неа кога бил дете.

„Јас сум многу едноставен човек. Не сакав никој да дознае дека имам толку пари.“, вели Грамел. Тој пораснал во сиромашно смемејство откако неговото семејство изгубило се по падот на пазарот на акциите во 1929 година и Рас научил да биде среќен со тоа малку што го имал.

Пред околу 70 години Грамел купил акции во вредност од 1.007 долари во „Walgreens“ синџирот на аптеки. Неговиот брат го посоветувал дека тоа е одлична инвестиција поради тоа што луѓето секогаш ќе имаат потреба од лекови. Тоа бил одличен совет, затоа што со текот на годините „Walgreens“ се прошириле и сега вредат повеќе од 62 милијарди долари, со што акциите на Рас изнесуваат околу 2 милиони долари.

Тој не потрошил ниту еден долар од тие пари се до неговата огромна донација за да се заштити природата. „Треба да се направи нешто добро понекогаш. За тоа служат парите. Јас имав одличен живот и без тие пари.“ , вели дарежливиот старец.

Сподели на Facebook
пати видено