Сите се сеќаваме на нашата прва симпатија кога сме биле деца, но ретко кој ја има таа среќа да стапи во брак со првата љубов.

Најчесто приказните за претшколска љубов се само првото поглавје во потрагата за љубовта и непријатна анегдота која нашите мајки ја користат секогаш кога ќе донесеме некој нов во домот. Меѓутоа ова не е ситуацијата за Лора Шел и Мет Гродски. Еден од првите спомени на Мет е моментот кога и изјавил љубов на Лора и тригодишниот Мет воопшто не се шегувал.

Лора и Мет се запознале во градинка и тие биле неразделни кога биле мали и си ветиле дека еден ден ќе бидат во брак. „Како деца, Лора ме научи како да се лулам на лулашките, да цртам ридови и како правилно да јадам сирење. Имаме убави спомени за играње на криенка, трчање на игралиштето и останувавме будни во времето за спиење.“, изјавил Мет.

За жал потоа децата се разделиле и изгубиле контакт, како и многу деца, кои во тој период се навикнуваат на нова средина, наставници, пријатели и слично. Така останало се до првата година во средно училиште. Лора го забележала името на Мет во телефонот на нивен заеднички пријател и пријателот веднаш ги споил.

„Бев упорна да излезам со него.“, признала Лора. Во рок од две недели тие започнале сречна врска, која останала силна иако тие оделе во различни средни училишта, а потоа и на факултети во различни држави. Работите почнале да стануваат сериозни, а еден ден во 2015 година, Мет и Лора заминале на мало патување до градинката каде што се запознале, а како изговор Мет го користел завршувањето на првата година од факултет.

„Додека се возевме во колата кон градинката таа ме прашуваше зошто изгледам толку нервозен. Продолжив да го проверувам џепот кога таа не гледаше за да бидам сигурен дека прстенот е тука. Клекнав на едно колено а брат ми фотографираше. Ги кажав причините зошто сакам да се оженам со неа и таа прифати. Јес!“, вели Мет.

Сподели на Facebook
пати видено