Кученце-скитник било забележано како лута по патот во Бејрут, Либан и го привлекло вниманието на Амал Андари додека таа и пријателот се возеле. Иако тие застанале само за да му дадат вода кога откриле голема рана на главата, знаеле дека му е потреба помош и решиле да го спасат.

Откако го однеле малото кученце на ветеринар преку снимките било заклучено дека кутрото животно било застрелано во главата над десетици пати со воздушна пушка, најверојатно од локалните тинејџери кои биле во потрага по „забава“, а исто така било заразено и со парвовирус. Амал, која што е волонтер во организација за заштита на животни „Животните на Либан“ вели дека ова е многу честа појава во нејзината земја, како и труењето на кучињата бездомници.

Иако, измаченото кученце, сега по име Бондок, останало повредено и заслепено како резултат на нејзиниот напад, таа останала решена да живее. Кученцето ја победила шансата од само 20% за да преживее и сега е добро и прима редовна терапија. Бондок сега чека семејство кое би сакало да ја усвои и кои ќе може да и ја пружи сета потребна љубов.

Сподели на Facebook
пати видено