Постои моќ со која можете да го смените светот, тоа е Вашето шесто сетило, Вашето трето око. Третото око всушност не е дел од физичкото тело. Тоа е дел од второто тело, а тоа е етеричното тело. Етеричното тело е слично со физичкото тело, но е супериорно над него и има посебно место во човекот но не е дел од неговото физичко тело.

Ова е причината поради која физиологијата не може да верува дека постои трето око затоа што черепот може да биде анализиран и не може да се најде физички доказ дека постои трето око. Досега најблиску до откривањето на трето око лекарите стигнале со откривањето на на шишарковидна жлезда или Епифиза.

Оваа тајна со години е анализирана и користена од страна на тајните друштва, како што се Илуминатите. Третото око е дел од суптилното тело, Сукшма Шарира.

Откако ќе успеете да ја ослободите моќта на третото око ќе можете да видите неверојатни работи. Ќе можете да ги видите аурите на луѓето, ќе можете да ја видите духовната димензија, како и да добивате јасни пораки од Вашиот внатрешен духовен водич. Ќе слушате звуци што не сте ги слушнале, ќе чувствувате работи кои што досега не сте ги почувствувале.

Третото око исто така може да биде и блокирано, од Ваша страна или од страна на други луѓе. Доколку се плашите од непознатото, анксиозни сте, не верувате во трето око, тогаш нема да можете да допрете до шестото сетило. Исто така и кармичките влијанија и духовниот живот во минатите животи влијае врз манифестирањето на третото око.

Имајте здрав духовен живот и редовно медитирајте, јадете органска храна и одржувајте го телото во добра состојба, кога ќе го постигнете тоа ќе бидете спремни да го ослободите третото око. Поради близината вашите две физички очи се најдобар извор на енергија за да се ослободи шестото сетило.

Како да го направите тоа? Само затворете ги очите и фокусирајте ги на Вашето чело, на местото меѓу очите. Останете фокусирани со очите затворени, неколку минути. Потоа направете Вашите очи да бидат во целосно статична положба, да не се движат воопшто. Поради тоа што очите не се движат и не користат енергија енергијата ќе се упати кон третото око.

Многу луѓе тврдат дека на овој начин го разбудиле своето шесто чуло, но ова е далеку од сигурна наука, така што шансите за секој човек поединечно се сосема различни.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено