Доколку сте ја проучувале енергијата или сакралната геометрија, тогаш сигурно сте слушнале за тороидалното енергетско поле кое ги опкружува сите живи нешта. Неодамна истражувачи при Универзитетот на Колорадо кај Болдер откриле моќна енергетско поле кое ја опкружува Земјата.

„Некаде околу 11 500 киломтери над Земјата е откриен невидлив штит кој ги блокира таканаречените електрони убијци кои се движат со брзина на светлината и се познати по тоа што ги загрозуваат астронаутите, ги спалуваат сателитите и ги оштетуваат вселенските системи за време на бурните сончеви луњи.“

A Third Toroidal Ring Around The Earth Discovered!

Ова енергетско поле било откриено кај Ван Аленовите радијациски појаси, коишто се два големи тороидални прстени над Земјата исполнети со високоенергетски електрони и протони. Според проф. Даниел Бејкер, директор на Лабораторијата за атмосферска и вселенска, Ван Аленовиот радијацискиот појас на своето место го држи земјиното магнетско поле и повремено се шири и собира, во зависност од енергијата која ја испушта сонцето.

„Како прво значајно откритие на вселенската ера, Ван Аленовите радијациски прстени биле откриени во 1958 од страна на проф. Џејмс Ван Ален и неговиот тим од универзитетот на Ајова. Тие се состојат од внатрешен и надворешен појас и се протегаат до 40.000 километри над земјината површина. Во 2013 г. Бејкер предводел тим кој ги употребил Ван Аленовите сонди лансирани од НАСА во 2012 г. и открил трет, преоден прстен помеѓу надворешниот и внатрешниот Ван Аленов ппјас кој како да се појавува и губи заедно со интензитетот на вселенските временски услови.“

A Third Toroidal Ring Around The Earth Discovered!2

Тоа што го открил било препрека кај внатрешниот раб на надворешниот појас кој се чини дека ги блокира електроните и на тој начин ја заштитува Земјата од нивните интензивни енергии.

„Тоа е речиси исто како електроните да налетуваат на стаклен ѕид во вселената“- вели Бејкер – „Нешто како штитовите во Стар Трек, ние откривме невидлив штит кој ги блокира овие електрони. Навистина зачудувачки феномен.“

A Third Toroidal Ring Around The Earth Discovered!3

Првично научниците мислеле дека електроните со висок полнеж коишто патувале кон Земјата со брзина од 160 000 километри на час се разбиваат при судирот со воздушните молекули во горниот атмосферски слој. Но сега јасно се гледа дека тие се запрени од ова енергетско поле пред воопшто да се приближат до атмосферата.

Истражувачите потоа почнале да истражуваат што е тоа што го формира ова поле. Тие знаеја дека појасите се врзани за Земјата со нејзиното енергетско поле, но тоа не е случајот и со овој штит.

A Third Toroidal Ring Around The Earth Discovered!4

„Природата не ги сака силните градиенти и вообичаено наоѓа начин како да ги измазни, па така би очекувале некои електрони да се движат навнатре, а други на надвор.“ вели Бејкер. „Не е сосема јасно како бавните, постепени процеси на овие честички можат да создадат толку остра и отпорна граница на оваа локација во вселената.“

Според друга теорија, постои облак од студен наелектризиран гас наречен плазмосфера кој го создава тороидалното поле. Гасот се наоѓа 965 километри над Земјата и се протега во надворешниот Ван Аленов Појас. Бејкер вели дека иако ова може да игра некаква улога во создавањето на енергетското поле, сепак верува дека се случува и нешто друго.

A Third Toroidal Ring Around The Earth Discovered!5

„Мислам дека клучот е во тоа да продолжиме детално да го набљудуваме регионот, што ни е овозможено со Ван Аленовите сонди. Ако сонцето навистина ја бомбардира земјината магнетосфера со соларни експлозии, се сомневам дека после определен временски период ќе го пробие штитот.“

Можеби со разрешувањето на мистеријата за овој штит ќе се придвижиме чекор напред во проучувањето на енергијата која ги опкружува сите живи нешта, вклучувајќи ги и нашите тела. Можеби се наоѓаме на почетокот на нови знаења за енергијата и технологијата.

A Third Toroidal Ring Around The Earth Discovered!6

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено