Современите луѓе пристигнале во Европа пред 45.000 години, но многу малку се знае како се распространиле низ континентот, пред првите почетоци на земјоделието и сточарството. Но, најновите детални ДНК анализи на Европејците од горниот палеолит па сѐ до денес откриле нова врска со раниот хомо сапиенс во Европа.

Оваа група луѓе, која живеела на европскиот северозапад пред 35 000 години, извршила директно и големо влијание кај потомството на денешните Европејци и се верува дека тие се „основачите на Европа“. Археолошките истражувања претходно потврдиле дека современите луѓе се појавиле во Европа пред 45 000 години, што довело до исчезнување на неандерталците, и покрај фактот што некои од припадниците на хомо сапиенс се мешале со овие наши роднини.

ev01

За време на леденото доба, коешто завршило пред 12 000 години, а врвот му бил пред 19-25 000 години кога почнало топењето, цела Скандинавија и северна Европа, сѐ до Франција, биле прекриени со лед. Како што ледената покривка започнала да се повлекува, луѓето повторно почнале да го населуваат тој регион. Дејвид Рајк и неговите колеги од универзитетот Харвард анализирале генетски податоци од педесеттина луѓе кои живееле во периодот од пред 45 000 до пред 7 000 години со цел да се проучи ова повторно населување. Како најпретставителни останки од вој период се вброени три черепи стари 31 000 година, од Долни Вестонице во Чешка, 19 000 години старата долна вилица на „Црвената дама од пештерата Ел Мирон“ и 14 000 години стар череп најден во Вилабруна, северна Италија.

ev02

Генетските податоци покажуваат дека почнувајќи од пред 37 000 години, сите Европејци произлегуваат од една група на население која го издржала Леденото доба. Оваа група се распространила низ цела Европа, а една од тие гранки е претставена со примерок најден во Белгија. Всушност, денешните Еврипејци можат да го следат наназад своето потекло до оваа група на луѓе која живеела во северозападна Европа пред 35 000 години.

Но, ова население, кое било дел од Орињачката култура, било заменето од припадници на друга култура, која во науката е познаата како Граветијанска култура, а коишто во Европа пристигнале пред 33 000 години. Потоа, пред околу 19 000 години Орињачката култура повторно се раширила низ Европа. Се верува дека овие луѓе повторно ги населиле северните краишта штом почнал да се топи ледот. Според најраните примероци, возможно е дека ова население почнало да се шири од југозапад, денешна Шпанија.

ev03

Вториот настан кој истражувачите го детектирале се случил пред 14 000 години, кога групи на население од денешна Грција и Турција почнале да се шират низ Европа, заменувајќи ги поранешните населенија. „Сега гледаме нов пресврт во популацијата на Европа, и се чини дека овојпат тоа доаѓа од исток, а не од запад“, додава Рајк. „Гледаме различни видови на генетски материјал кој се шири низ Европа и ги заменува луѓето од југозапад кои претходно се наоѓале таму. Овие луѓе опстојале илјадници години, сѐ до појавата на земјоделството.“

ev04

Студијата, објавена во списанието „Природа“ (Nature) исто така открива и мешање со неандерталците, што се случило пред 45 000 години, кога луѓето почнале да се шират низ Европа. Предисториските луѓе имале три до шест отсто на неандерталска ДНК, но денес повеќето луѓе имаат околу ева отсто.

„Неандерталската ДНК е во извесна мера отровна за припадниците на хомо сапиенс, и истражувањето покажува дека природната селекција го отстранува генетското наследство на неандерталците“, додава проф. Рајк.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено