Во 2006 година човек изгубен во Киев во чудна облека и камера во неговите раце се шетал како да е турист. Тој тврдел дека доаѓа од минатото, дека излегол од дома за да фотографира и тогаш забележал НЛО и откако го фотографирал се префрлил во иднината.

Ова е неверојатен случај во кој има и документи и фотографии како доказ и детална анализа од психологот Парло Кутриков и експертот за фотографии Вадим Поснер.

Кога полицајците забележале како дезориентираниот 25-годишен маж оди низ улиците на Киев, му побарале легитимација. Човекот им дал лична карта од времето на Советскиот Сојуз, од пред повеќе од 50 години. Човекот се викал Сергеј Пономаренко. Полицајците мислеле дека човекот е луд и го однеле во психијатриска клиника во Киев.

Психологот Парло Куртиков почнал да го истражува случајот на Сергеј. На консултациите на 26ти април, 2006 е забележано:

Парло: Кажи ми нешто за себе?
Сергеј: Јас сум Сергеј Пономаренко и сум роден во градот Киев, на 16ти јуни 1932 година.
Парло: Да, но Ве уверувам дека не сте постари од 30 години.
Сергеј: Имам 25 години

Парло го прашал како тој успеал да се најде во 2006 година и за неговата средба со НЛО.

Сергеј: Беше ден и излегов на прошетка во градот, го земав и апаратот. Но кога излегов од куќата забележав чуден објект во форма на ѕвоно и беше многу чудно, леташе на чуден начин. Тешко е да објаснам што видов, најдобро е да ги развиете фотографиите од мојот апарат и можеби ќе го пронајдете одговорот.

Парло тогаш побарал помош од експертот за фотографии Вадим Поснер, кој бил изненаден кога открил дека тој вид на филм престанал да се произведува во 70тите. Никој не можел да објасни како сите тие работи се толку добро сочувани, иако се стари повеќе од половина век.

На фотографиите се гледа градот Киев во 1950тите години. Имало фотографија од 25-годишна жена и фотографија од Сергеј во истата облека во која што бил најден. Исто така тука била фотографијата и од НЛО. Психологот разговарал со Сергеј и го прашал како оваа НЛО успеало да го доведе тука. Сергеј не се сеќавал добро но велел дека го кренало во воздухот и за понатаму не се сеќава.

По разговорот со Др.Парло Сергеј се вратил во неговата соба. Камерата од болницата покажува како тој влегува во собата но не и како излегува. Веднаш потоа Сергеј исчезнал. Никој не знае како поради тоа што вратата била заклучена, на прозорците имало решетки, а и низ целата клиника имало безбедносни камери на кои тој не е забележан. Подоцна е докажано дека овој човек навистина постоел во периодот на Советскиот Сојуз и бил пријавен за исчезнат во 1960 година. Случајот на Сергеј останува една од најголемите мистерии.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено