Исак Еглингтон (19) бил да прошетка  со неговата пријателка Емили во шумата Плимбриџ кога го слушнал Џејмс Томпсон (51) како извикува од една дупка.  Џејмс се водел за исчезнат повеќе од еден месец, а се криел во дупката бидејќи имал повреда на ногата. Момчето Исак ги повикал службите за итна помош за да го извлечат Џејмс.

Џејмс бил во лоша здравствена состојба, дехидриран и прегладнет, но воедно и исплашен што долг период барал засолниште во шумата бидејќи имал сериозна повреда на ногата поради која не можел да се движи и да си дојде дома. За неговото исчезнување, познато е само дека последен пат бил виден во близина на бензиската станица Асда, на улица Ексетер во Плимут, на 7 Март оваа година.

Неговото спасување било резултат на љубопитноста на Исак, кој слушал како некој извикува, по што ги следел трагите на звукот и меѓусебно се довикувале, се додека не се виделе.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено