Медицинската сестра Линда Трепамиер која што веќе имала три биолошки деца и три посвоени деца, пред три години решила да ги посвои близнаците Маршал и Метју, кога имале само четири недели. Линда и нејзиниот сопруг Мик имаат и три внучиња.

Состојбата на близнаците им предизвикала тешки деформитети, влакнести зглобови, високи чела, испакнати очи и слично. Им биле потребни цевки за дишење, инвалидски колички, очила, и биле склони кон инфекции. Линда и Мик, кој работи како асистент, за нега ветиле дека ќе им обезбедат добар живот на близнаците.

58-годишната Линда ги земала децата од болницата откако тие биле одземени од нивните биолошки родители поради тоа што тие не можеле да се грижат за нив. Линда ја прашале дали би сакала да посвои едно од близначињата, но бидејќи таа не сакала да ги раздели ги земала и двете деца.

„Кога прв пат ги видов близнаците си помислив дека се најслатките нешта што сум ги видела во животот. Имаа големи глави, а мали тела. Тежеа скоро 4 килограми, но телата им беа мали, а голем дел од тежината беше поради главата. Се заљубив во нив. Едноставно знаев дека тоа се мои момчиња.“, изјавила Линда.

Pfeiffer синдром, е редок генетски деформитет кој близнаците го наследиле од нивниот татко и влијае на лицето и черепот на бебето. Тоа се случува кога делови од черепот се спојуваат премногу рано, што значи дека коската не може да се прошири додека мозокот расте.

Сега Маршал и Метју имаат три години, а Линда и нејзиниот сопруг посветено се грижат за нив. Линда изјавила дека уште како мало девојче сакала да се грижи за малите деца и сонувала еден ден да стане медицинска сестра и поради тоа грижата за близнаците не и претставува товар, туку задоволство.

Гордата мајка исто така вели дека близнаците се среќни и весели деца и дека секој кој ќе ги запознае се вљубува во нивната ведрина.

Сподели на Facebook
пати видено