Во едно мало богато кралство, секое утро еден просјак без ниеден збор на кралот му носеше по едно јаболко, му го подаруваше и си заминуваше. Кралот, кој беше навикнат да прима многу поскапоцени подароци од ова овошје кое секое утро го добиваше, обожаваше да се изнасмее на сметка на просјакот откако тој ќе си заминеше…

Но, просјакот не се обесхрабруваше и секое утро повторно доаѓаше и со насмевка му го подаруваше на Кралот својот ПОДАРОК. Иако веќе му здосади од тоа, Кралот сепак го примаше подарокот со вештачка насмевка и го ставаше во една кошница. Кошницата беше преполна и одвај некако во неа можеше да се стават јаболката кои просјакот секое утро со ЉУБОВ, ГРИЖА и ТРПЕНИЕ му ги носеше.

Еден ден омилениот мајмун на Кралот зеде едно јаболко и само што го загриза, веднаш го фрли пред нозете на Кралот. Кралот, го крена јаболкото и беше премногу изненаден кога здогледа дека во средината на јаболкото се наоѓа дијамант, па во истиот момент нареди да се пресече секое јаболко од кошницата во кое се наоѓаше по еден дијамант.

Кралот веднаш побара да му го донесат просјакот од кого побара објаснување.

Просјакот му одговори:

 – Почитуван Кралу, јас секој ден ви ги носев овие дарови за да сватите дека ВАШИОТ ЖИВОТ секое УТРО ви нуди СПЕЦИЈАЛЕН ПОДАРОК на кој вие заборавате поради големото богатство со кое сте опкружени. Тој ДАР е секој НОВ ДЕН кој ЗАПОЧНУВА !!!

МНОГУ НЕШТА НИ ИЗГЛЕДААТ ПРЕМНОГУ ВАЖНИ… НО ПОСТОИ ЕДНО ДОБРО КОЕ НАДМИНУВА СЕ И КОЕ КАКО ДИЈАМАНТ Е СКРИЕНО ВО НАШИТЕ СРЦА… ТОА Е НАСМЕВКАТА КОЈА ЈА ПОДАРУВАМЕ !!!

Сподели на Facebook
пати видено