Дете проговорило на гробот на бугарската јасновидка Преподобна Стојна. Ова според бугарските медиуми кои го цитираат Велизар, таткото на детето, се случило на 17 декември. Тој не можел да ги задржи солзите од радоста која го снашла семејството на панихидата во чест на 83-годишнината на смртта на бугарската јасновидка Преподобна Стојна.

ps01

„Чудото, како што со мојата сопруга го нарекуваме, се случи ете така, како што си зборуваме со вас. Кога беше на две години, малечкиот падна по скалите во нашата куќа и оттогаш не проговори. Каде ли не сме го воделе, по доктори, психолози, насекаде бевме. На крајот се надевавме само на Бог“, споделува 45-годишниот Велизар.

Тој и неговата сопруга Елена слушнале од нејзина колешка дека на гробото на Преподобна Стојна се случувале сѐ некои добри нешта – болни се враќале оттаму сосема здрави, а мали деца кои страдале од психички проблеми оздавувале само неколку дена по посетата на селото Златолист, општина Сандански, Р. Бугарија.

„Тоа беше една надеж за нас. Решивме да ја посетиме панихидата на 17 декември. Знаевме дека ќе ја организираат тогаш и покрај тоа што Стојна всушност починала на 22 декември. Многупати сме биле и на гробот на Баба Ванѓа, којашто уште додека беше жива ја сметавме за светица. Но, среќата ни се насмевна сега. Како се случи тоа? Ами Ивчо, кој си седеше и ги слушаше зборовите на свештеникот, се сврте кон мене и ми кажа: `Тато, запали ми ја пак свеќата`. Со мајка му се расплакавме, а неколкуте присутни луѓе ја запреа церемонијата и заедно се порадувавме на чудото“, раскажува трогнатиот човек.

ps02

Засега тој не сака да го открие неговиот целосен идентитет, бидејќи не сака да стане медиумска личност, не сака и секакви луѓе да го распрашуваат за проблемот на неговото дете, за да не ја наруши кревката психа на детето.

„Син единец ми е. Раскажувам за ова бидејќи сметам дека треба да се пишува за убавите нешта коишто сепак ни се случуваат. Луѓето треба да веруваат и да се надеваат дека во времето околу Божиќ можат да се случи чудо“, вели Велизар.

Тој решил во знак на благодарност секоја година да дава курбан во чест на светицата, на денот на нејзината панихида.

„Тоа ќе е знак и за сите тажни и несреќни луѓе кои ја изгубиле надежта и кои се надеваат да им се случи чудо. Треба да зборуваме за Бог, да веруваме и да не го забораваме доброто кое ќе ни се случи“, категоричен е Велизар.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено