Морбидна фотографија од мало момче облиено со крв по напад во Алепо го вџаши светот. Фотографијата од Омран Дакнеш стана симбол за ужасот низ кој поминуваат децата од Сирија. Во јавноста излегоа фотографии од Омран кој конечно повторно е среќно и здраво дете.

Омран е повторно со неговото семејство, што може да се види во интервју направено со новинар од либанска телевизија која го подржува режимот на Асад. Семејството не сакало многу да зборува за случувањата затоа што се плашело да не им наштетат приврзаниците на режимот.

Кога домот на семејството Дакнеш бил бомбардиран загинал постариот брат на Омран, Али, кој имал само 10 години. 5-годишниот Омран изгледа збунето на фотографијата, снимена во амулантното возило откако детето било извлечено од урнатините.

Болничарот кој го спасил Омран вели дека тој не видел дете како него, затоа што обично децата по ваква траума плачат и креваат паника. Омран само го прашал болничарот „Каде се мама и тато?“.

Сподели на Facebook
пати видено