Жена на која ѝ е дијагностициран агресивен рак на дојката ги образложува своите причини да одбие традиционален третман – и е решена да ја победи болеста употребувајќи природни терапии. На 32-годишната Фио Агвила од Беконсфилд, Англија, ѝ било кажано дека има рак на дојката во трета фаза, но по хируршката интервенција, оваа мајка на едно дете ги откажала сите закажани третмани за хемотерапија, велејќи; „Можете да изберете квантитет или квалитет во животот – јас избрав квалитет.“

ag01

Агвила вели дека нејзиниот партнер Џеред на почетокот ја терал да ја преосмисли својата одлука, но ја прифатил нејзината одлука откако таа му дала „ултиматум“. Сега парот собира добротворни средства преку сајтот Го Фанд Ме, за г-ѓа Агвила да може да отпатува во Мексико и да се подложи на Герсоновата терапија – „природна терапија“ која наводно ја активира телесната способност „да се самоисцелува преку органска, растителна храна, свежи сокови, клизми со кафе и природни додатоци.“

ag02

Агвила, која е поранешен готвач, објаснува дека дијагнозата доаѓа во време кога таа била во навистина негативно расположение, уморна и под стрес. Еден ден се разбудила и почувствувала дека една од градите ѝ е потешка од другата. „Се почувствував како да дојам“, вели таа. „Мислев дека тоа се должи на менструалниот циклус.“

Но, четири дена подоцна, чувството сѐ уште било присутно и тогаш почувствувала мала грутка и тргнала на преглед. Следувале мамограм и биопсија и на Агвила и било кажано дека боледува од „агресивен“ рак на дојката.

ag04 ag06

„Во тоа време навистина не знаев многу за било што во врска со ракот и здравјето. Мојот татко почина од рак пред повеќе од 20 години. Никогаш не сакав да зборувам за тоа. Цело време го потиснував во себе.“

Пред два месеци била подложена на хируршка интервенција за отстранување на туморот, кој бил поголем отколку што се очекувало, но вели дека го променила својот став во врска со тоа што е правилниот третман за неа.

„Закрепнував две недели и ми кажаа дека иако сѐ уште чекаат резултати од тестовите, сметаат дека хемотерапијата е неопходна. Ми се лошеше секогаш кога ќе проговореа за тоа. Не беше страв. Беше целата таа замисла, едноставно не ми се чинеше дека тоа е она што ми треба.“

ag07 ag08

Тестовите потврдиле дека туморот е агресивен. „Тогаш повторно ми кажаа дека 100 посто е неохподна хемо и радиотерапија“, вели г-ѓа Агвила. „Плачев. Бев скршена.“

Кога ѝ ги кажале можните странични ефекти на третманот, наместо да ја убедат да продолжи, се случило токму спротивното.

„Почнаа да ми ги кажуваат можните странични ефекти – неплодност, предвремена менопауза, опаѓање на косата, чувствителност на инфекции…Си помислив – само јас ли сум во оваа соба која мисли дека оваа не е во ред. Разговаравме со мојот партнер и јас му кажав, мислам дека ова не е во ред. Тој ми кажа – ти луда ли си?“

аg03

На Агвила и кажале дека и покрај хемотерапијата, имало 50 отсто изгледи ракот да се врати. Иако таа се согласила да се закаже препорачаната хемотерапија, таа тој ден си заминала длабоко несигурна дали ќе продолжи.

„Тие беа шокирани“, признава таа. „Но, свесна сум. Знам што се случува со моето тело и едноставно не сум сигурна дека тоа би било вистинското решение.“

По вестите кои ги чула, таа си дала време малку да се опушти и да размисли. По враќањето дома, г-ѓа Аквила почнала да истражува за ракот и дознала за некои алтернативни можности за лекување, вклучувајќи и информации за Герсоновата терапија, за која се вели дека нуди „пристап со кој целото тело почнува да се самоисцелува – без штетни странични ефекти.“

аg05

Друг голем поборник за Герсоновата терапија била покојната Џес Ајнскоф, која исто така така, сакајќи да се излекува со алтернативни методи, го заработила прекарот „Здравствената воинка“. Г-ѓа Ајнскоф починала во февруари 2015 година, на 30-годишна возраст.

Но, тоа не ја обесхрабрува Агвила. „Во моментов се чувствувам одлично“, вели таа. „Многумина нема да се согласат или да го поддржат ова што го правам, но секој треба да има самодоверба и самиот да донесе одлука за тоа што мисли дека е правилно за него. Ако сте среде третман во кој не верувате, ништо нема да ве спаси“.

Сподели на Facebook
пати видено