Невролози во Белгија тестирале транскранијална еднонасочна стимулација со струја. Тие експериментот го спровеле на 16 луѓе во вегетативна состојба и по 5 дена, кои се состоеле од 20 минутни сесии на ден, двајца од пациентите можеле да одговорат на прашања, а 9 почнале да даваат знаци на свесност.

Овој ефект траел една недела велат истражувачите на Универзитетот во Лиеж, Белгија. Тие веруваат дека овој начин е од големо значење за пациентите во кома, кои покажуваат знаци на свесност но не можат да зборуваат или пак да ги движат мускулите. Експертите велат дека со овој метод може да се помогне и на пациентите кои што имаат нарушувања во комуникацијата.

Во оваа истражување тимот предводен од неврологот Ауроре Тибо, става посебен вид на слушалки на предниот дел на мозокот на пациентот, односно областа која ја контролира свеста. Два часа по првиот шок пациентот покажал знаци на движење. Потоа лекарите земале други 16 пациенти на кои што им бил оштетен мозокот и не можеле да комуницираат најмалку три месеци. До крајот на неделата двајца пациенти одговарале на прашања со помош на движења со нивните делови од телото.

Ауроре Тибо вели: „Слични вакви направи можете да купите и на интернет, но никој не знае што се можат да предизвикаат. Ние треба да истражиме што ќе се случи доколку се користи терапијата 5 часа во денот или пак еднаш дневно во рок од три месеци. Мора да бидеме многу внимателни.“

Лекарите сметаат дека има уште многу да се истражува за да се добијат трајни резултати, но сметаат дека ова е одличен почеток да се вратат во живот пациентите во клиничка смрт.

Сподели на Facebook
пати видено