За прв пат во историјата верниците и научниците ќе се здружат во потрагата по Исусовата ДНК. Користејќи ја најновата технологија за ДНК генетичар од Оксфорд Универзитетот и изучувач на библијата ги изучуваат најпознатите свети реликвии во светот, како што се Торинското платно, Судариум од Овеидо и новооткриените коски на роднината на Исус, Јован Крстител. Со вадење и анализа на примероци од сите овие свети мошти тие се надеваат дека ќе добијат ДНК, која му припаѓа на Исус, или на член од неговото семејство.

Моментално експертите се обидуваат да го извлечат генетскиот код на семејството на Исус Христос. Имало бројни чудни тврдења од неколку индивидуи кои тврделе дека биле на работ на клонирање на Исус Христос. Сепак ние уште немаме клонирано човечко суштество, а камо ли Синот Божји.

Но што доколку можеме да ја пронајдеме ДНК на Месијата? Документарец со наслов “The Jesus Strand”, чија што премиера ќе биде на 16ти Април на History Channel, детално ќе го разгледува оваа прашање. Во овој документарец ДНК генетичар од Оксфорд Универзитетот Џорџ Бусби и пасторот Џо Басиле ќе ги истражуваат гореспоменатите реликвии. Нивното патување ќе ги одведе на свети места од Шпанија и Италија до Израел, па се до крајбрежјето на Црното море.

Во 2010 Касимир Попконстантинов верувал дека ги открил моштите на Јован Крстител, кој бил ученик но и братучед на Исус и поради тоа Џорџ Бусби сака да извлече ДНК примероци, иако ни тој самиот целосно не верува дека се работи за коските на Јован Крстител.

Џорџ вели: “За Торинското платно се смета дека е платното во кое е погребан Исус, разговарав со повеќе научници кои го истражувале платното. Платното е долго 4,5 метри и додека верниците велат дека датира од пред 2.000 години, останатите тврдат дека потекнува од 13 или 14 век, според радиојаглеродно датирање, извршено во 1988 година. Покрај ова научниците сеуште не можат да објаснат како на платното е исцртана жртва на распнување, иако некои тврдат дека е дело на Леонардо да Винчи.”

На сето оваа Бусби додава, “Да претпоставиме дека контаминацијата на ДНК е исклучена и дека може да се изврши ДНК анализа која ќе потврди поврзаност помеѓу сите овие реликвии. Тогаш дали тоа би можела да е ДНК на Исус и неговото семејство?”

Сподели на Facebook
пати видено