Јоланда Бламирес од Мелбурн се венчала со Нејтан затоа што знае дека тие нема да ја дочекаат староста заедно. Јоланда и Нејтан се запознале во 2013 година на Универзитетот Монаш и во рок од неколку недели станале најдобри пријатели. Откако повеќе од 2 години гледале филмови и јаделе пица заедно во мај 2015 година решиле да си ги откријат вистинските чувства. Но 6 месеци подоцна нивните соништа биле уништени.

Таткото на Јоланда забележал жолти тонови во очите на ќерка му, кои подоцна почнале да се шират и на кожата. Мислејќи дека се работи за жолтица Јоланда веднаш посетила лекар, кој и кажал дека нивото на тромбоцитите и е високо.

„Си помислив тоа е знак за рак. Една недела подоцна останав во шок кога лекарот ми кажа дека имам тумор од 7 сантиметри во црниот дроб.“, изјавила Јоланда за списанието „Таков е животот“.

Таа не знаела како да му ја соопшти веста на нејзиното момче со кое што требала да оди на вечера, затоа ја замолила нејзината мајка да го стори тоа. Тогаш за прв пат го видела најдобриот пријател да плаче.

„Не мора да останеш со мене. Ти не се ‘пријави’ за вакво нешто, му реков. На 21 година имав само неколку месеци за живот“, раскажува Јоланда.

Краток период по дијагнозата, Нејтан и Јоланда тргнале на прошетка и тогаш Нејтан ја запросил под водопад. Јоланда вели дека свадбениот танц со Нејтан ја направил најсреќната девојка во светот.

Двојата патувала во Нов Зелан и Фиџи за да го искористат најдобро што можат преостанатото време заедно. 18 месеци по дијагнозата младата девојка се уште се бори со болеста и вели дека тоа е благодарение на поддршката од Нејтан.

„Хемотерапијата го намали туморот за половина, но лкеарите веруваат дека ми останува уште една година од животот.Сакам да запознаеш некого, му велам. Сакам да направи и друга девојка да биде среќна како мене.Нашата љубов можеби ќе гори кратко, но ќе гори силно“, вели Јоланда.

Нејтан ја одложил својата кариера и работи со скратено работно време за да може да поминува повеќе време со Јоланда.

Сподели на Facebook
пати видено