Култовите секогаш ќе претставуваат синоним за зло и миење на наивните мозоци. И до ден денес Чарлс Менсон сѐ уште ја одлежува својата доживотна пресуда, иако тој лично не убил никого. Причината? Чарли просто можел да ги контролира своите следбеници со толкава леснотија што и до денес извршените убиства се даваат како пример за сите кои мислат да се препуштат на некој култ. Еве неколку такви култови кои во историјата ќе останат запомнети по своите злодела.

Чикашките грабливци

kl02

Тие не влегуваат во категоријата на традиционалните култови, но често ги исполнувале порачките на Џон Гаци, кој подоцна се смета за лидер на групата. Нивните недела стануваат познати во текот на 1980-тите години, кога киднапираат, групно силуваат и измачуваат 18 млади жени, при што на секоја жртва ѝ ја јаделе левата града, како дел од сатанистички ритуал. Сите членови на групата добиле доживотни пресуди, освен еден од нив кој бил осуден на смрт поради својата исклучителна суровост.

Рајска порта

kl03

Оваа група дејствувала во текот на 90-тите години на минатиот век. Маршал Еплвајт на своите следбеници им објаснувал дека планетата ќе биде уништена и верниците ќе треба да се качат на вселенски брод за да се спасат, но „билети“ за бродот ќе добијат само тие што ќе се убијат себеси. Ова довело до 39 самоубиства.

Култот Карни

kl04

На 15-годишна возраст Марк Гудвин создал свој култ, кој принесувал жртви и изведувал сексуални ритуали. Марк го напуштил култот, сѐ додека не се сретнал со Кејт Лоренс, која исто така си имала свои забегувања. Заедно со нејзиниот брат Дејвид и со Џими Пеник основанел нов култ. Кон крајот на 1991 година во култот се вклучил и Вилијам Олт, но набргу осознал дека не му е местото таму. Кон крајот на годината тој почнал да им се заканува на останатите членови дека ќе ги пријави за извршено убиство. Но, членовите на Карни решиле дека ако нема човек, нема и проблем. Така го убиле поранешниот член и врз него извеле разни сатанистички ритуали.

Орденот на сончевиот храм

kl05

Не сите култови се сврзани со сатанизам. Џозеф ди Мамбро и Лук Журет решиле да создадат тајно здружение по модел на темпларите. Во 1994 година убиле мало дете за кое верувале дека е антихристот. Неколку дена подоцна Швајцарија ја потресуваат серија на убиства и самоубиства. 15 луѓе биле отруени, а 30 застрелани. Следната година биле откриени уште многу слични случаи, и статистиката продолжува до 1997 година. Полицајците биле во голема недумица, бидејќи телата секогаш биле поставени на определен начин и сите биле во ритуална облека. Кон крајот на 90-тите бил уапсен Мајкл Табачник, за кој се испоставило дека е лидерот на култот. Бил осуден за поголем број од убиствата, како и за раководење на криминална организација.

Колонијата на Пол Шефер

kl06

Што се случува кога германски нацист ќе успее да избега во Чиле? Се разбира, ќе си создаде своја комуна во која себеси ќе се прогласи за божји месија. Со своите религиозни закони и фанатичките лидерски способности, Шефер набргу бил забележан од Пиноче и започнал да произведува бојни средства и хемиско оружје за диктаторот, во замена за правото со сето тоа да управува сам, и попат да силува мали момченца, која групата божем ги згрижувала. Кога подоцна се покажало дека ќе биде суден за своите недела, тој избегал во Аргентина, каде што умрел во 2010 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено