Едгардо е фармер од Аргентина. Тој нашол бебе кондор на својата фарма и го крстил Кондорито, по еден славен чилеански лик од стрип. Откако кондорот пораснал, одлетал во дивината, но пред неколку месеци се вратил со повредена нога. Едгардо му ја санирал повредата и од тогаш Кондорито редовно го посетува. Една организација побарала од Едгардо да им ги предаде кондорот за да го однесат на „побезбедно место“, но тој ги одбил со зборовите „Кондорито е слободен само таму каде што си живее сега.“

Сподели на Facebook
пати видено