Ројстон е град во областа на Северен Хертфордшир во Англија. Едно од обележјата на овој мал град е пештерата Ројстон која е скриена под Мелбурн-стрит.

Пештерата била случајно откриена во 1742 година од страна на еден работник кој се обидувал да направи подлога за нова клупа за пазар. Тој пронашол мелнички камен и кога го кренал забележал дека под него има дупка. Едно младо момче било првата личност која што влегла во дупката. Тој бил спуштен во шуплината со јаже и открил дека наместо мрежа од тунели, имало „само“ камбановидна празнина.

Пештерата била исполнета со нечистотија и карпи. Кога била исчистена набрзо, биле откриени чудни резби во долниот дел на комората. За жал, почвата што содржела човечки коски и фрагменти од керамика никогаш не била анализирана. Оригиналниот влез бил затворен, а друг влез бил направен од ѕидар наречен Томас Вотсон. Неговата куќа била веднаш спроти пештерата, па тој ископал тунел долг 22 метри помеѓу неговата куќа и пештерата и почна да наплаќа шест пени за секоја посета. Овој влез се уште се користи и денес.

Многу историчари ја посетиле пештерата и ги дале своите теории за нејзиното потекло. Некои мислат дека витешкиот ред- Темплари ја користеле пештерата како тајно место за состаноци. Други историчари тврделе дека резбите содржеле масонски симболи кои би можеле да ја поврзат пештерата со Џејмс I, кој самиот бил масон и кој имал ловечка куќа во Ројстон. Според други истражувања, пештерата можеби едноставно била ермитаж или затвор. Друга теорија е дека пештерата била користена како складиште. Сепак, постојат многу малку тврди докази за поддршка на овие теории.

Резбите на ѕидовите имаат средновековен изглед и изгледа дека првично биле обоени, но за време на нивното откривање биле видливи само мали траги од боја. Повеќето од резби имаат верска конотација; под оригиналниот влез е врежан Свети Кристофер; на западниот дел од ѕидот се Св. Катерина и Св. Лоренс и покрај Св. Лоренс се три личности, маж, жена и дете, за кои се верува дека се Јосиф, Марија и Исус. Исто така постои и фигура на Свети Ѓорги, светец-заштитник на Англија.

Постои долг ред на бројки, но не може да се идентификуваат сите. Меѓу мноштво резби, постои раздвоена глава, која може да претставува Јован Крстител и други кои го претставуваат Светиот Гроб и Распетието на Исус Христос. Над Гробот е симбол на Светиот Дух, Божјата рака која ослободува гулаб.

Две мали фигури на маж и жена се врежани под Света Катерина. Над жената, има лебдечка круна. Се верува дека овие фигури го претставуваат Ричард I и неговата сопруга Беренгарија. Беренгарија никогаш не била официјално крунисана за Кралица на Англија што објаснува зошто круната лебди над, но не е и на нејзината глава.

Постојат многу други резби кои не можат да се идентификуваат. Сè уште не е познато кој ги врежал овие симболи на ѕидовите на пештерата и за каква цел. Денес, пештерата е во сопственост на градскиот совет и е отворена за јавни посети.

Сподели на Facebook
пати видено