Древна легенда раскажува за мистериозна порта која се наоѓала во близина на езерото Титикака. Оваа врата еден ден ќе се отвори и од неа ќе се појават боговите создатели на човештвото. Овие бродови ќе се вратат на нивните „Сончеви бродови“ и ќе го вџашат човештвото. Колку и да звучи чудно, оваа порта навистина постои, сметаат некои истражувачи, и се наоѓа во планинскиот регион Хају Бранд, 35 километри од градот Пуно во Перу. Уште од дамнешни времиња, овој регион бил обожуван од локалните домородци кои го сметале за „град на боговите“. Иако досега се откриени само неколку структури, истражувачите веруваат дека под површината се кријат уште многу споменици.

pb01

Оваа „порта“ била откриена случајно кога локалиот туристички водич Хозе Луис Делгадо Мамани планинарел во областа. Интересно е тоа што тој раскажува дека претходно ја сонувал оваа структура и видел нешто што се чинело како врата покриена со розов мермер и неколку фигури од страните. Овие визии се тесно сврзани со легендите на домородните Индијанци од областа кои раскажуваат дека оваа „врата“ била „порта кон земјата на боговите“. Според таа легенда, во далечното минато многу херои минале преку тој премин во земјата на боговите, каде што ужувале во просперитетен и славен бесмртен живот.

pb02

Друга легенда раскажува дека за време на шпанските освојувања свештеник на Инките наречен Амару Муру од Храмот на седумте зраци избегал од неговиот храм со себе носејќи златен диск познат како „клучот кон боговите на седумте зраци“. Свештеникот се скрил во планините Хају Бранд, плашејќи се дека шпанците би можеле да се доберат до светиот клуч. Подоцна свештеникот пристигнал до „Портата на боговите“ во Хају Марка, каде што им го покажал на повеќе свештеници и шамани од областа. Откако го извеле светиот ритуал, вратата се отворила, пропуштајќи сина светлина. Свештеникот Амару Муру го предал златниот диск на еден од шаманите и влегол низ вратата, за повеќе никогаш да не биде виден. Мистериозно е тоа што истражувачите нашле кружна вдлабнатина на вратата каде што би можел да се вметне помал предмет во кружна форма.

Посетителите кои патувале до „Портата на боговите“ во Хају Марка и кои ги ставиле своите раце врз вратата велат дека почувствувале како низ телото им минува огромна енергија, а исто така опишале и чудни визии како ѕвезди, столбови оган и музика со невообичаен ритам и мелодија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено