Мангуп Кале е најголемата пештерска тврдина на Кримскиот полуостров. Се наоѓа на врвот на планината Мангуп која се извишува над живописните долини под неа. Висорамнината која се наоѓа на височина од речиси 600 метри надморска височина, има особена форма. Одозгора изгледа како дланка со четири врвови кои личат на прсти. Природата ја направила оваа област неосвоива. Од трите страни висорамнината е врамена со четири длабоки бездни, а од четвртата со длабока клисура.

Според Прокопиј Кесариски, византиски историчар од 6. век, регионот Дори или Дорос бил населен од оние Остроготи кои одбиле да го следат Теодорих Велики во неговиот освојувачки поход на Италија во 490-тите, што го одбележало почетокот на Кримските Готи и нивната татковина Готија. Но, многу нешта посочуваат дека ова место било изградено многу порано. Како и да е, следниве фотографии ќе ви доловат дел од спектакуларноста на овој локалитет.

mk01 mk02 mk03 mk04 mk05 mk06 mk07 mk08 mk09 mk10 mk11 mk12 mk13 mk14

Сподели на Facebook
пати видено