Една неискусна девојка се подготвувала за прв состанок со еден дечко. Пред да излезе, мајка и ја советувала:
– Ќерко, за ништо на светот нема да му даваш да те соблече од половината надолу. Ако многу инсистира кажи му дека таму има жар и ќе се изгори.
Ќерката и ветила на мајка си дека така и ќе направи. Ја немало ќерката цела ноќ и се враќа дома наредниот ден околу пладне. Мајката кога ја видела веднаш почнала со прашањата:
– Ќерко, што се случи синоќа? Да не му се даде?
– Па, мамо, тој навистина се обиде да ме соблече од половината надолу. Јас му реков дека таму има жар и дека ќе се изгори…
– Токму така, браво, ќерко моја!
– Сепак, тој рече дека само сака да си ја испече виршла во жарта…
– И што се случи?! – Преплашена прашала мајката.
– Ништо не се случи. Цела ноќ ја печевме, ја печевме, а наутро кога ми даде да ја пробам, таа уште не беше испечена…

Сподели на Facebook
пати видено