Автомобилот „Mercedes Benz 600“ некогаш важел за врв на луксузот и најудобното возење кое парите можеле да го купат. Меѓу луѓето кои го купиле се нашол и Јосип Броз Тито. Неговиот примерок на Пулман ландолет со шест врати, еден од само деветте вакви автомобили, се најде на продажба во Велика Британија. Том Хартли, сопственик на автомобилски салон, го продава за „само“ 2,5 милиони фунти. Во времето кога бил изработен бил наменет само за шефови на држвави и најбогатите претприемачи во светот. Моќниот 6-литарски V8, во тоа време еден од најмоќните мотори за патнички возила, произведувал околу 250 коњски сили. Според фабричките спецификации, најголемата брзина требало да биде 205 километри на час, но во пракса сите тестови покажале дека може да развие и повеќе.

Тогашната управа на Мерцедес дизајнот за овој модел им го препуштила на славните Бруно Сако и Пол Брак. Според легендата, тие категорично барале секој работник ангажиран на изработката на тие мерцедеси морал да има најмалку 15 години искуство.

tm01

Славни и моќни купувачи

Мерцедес 600 е изработен во неколку варијанти, а типот со шест врати и подвижен покрив го нарачувале исклучително шефовите на држави. Меѓу нив се нашле и папата Павле Шести, романскиот претседател Никола Чаушеску и султанот на Брунеи. Биле изработени само девет примероци, а југословенскиот претседател Тито се погрижил еден од нив да заврши и во Југославија.

tm02

Кон крајот на седумдесеттите години на 20. век, впечатлениот Тито преговарал со Мерцедес за нарачката на уште еден таков автомобил кој би имал и скриени скали, за да се прикрие тешката подвижност и лошото здравје на маршалот. Тој автомобил никогаш не бил испорачан. По смртта на Тито, со почетокот на распаѓањето на Југославија, се распаднала и завидната флота на автомобили. Преку разни канали, Титовиот примерок со број на шасијата 00185 завршил во Норвешка и таму исто така се нашол на продажба.

tm03

Промена на сопственикот

Во 2003 година за непозната сума пари го купила една германска државјанка од Минхен, која редовно го покажувала на медиумите и на јавноста. По речиси едно десетлетие престој во Германија, еден богат британски купувач решил да вложи сериозни пари и да го префрли Титовиот мерцедес во Велика Британија. Во 2012 година автомобилот ги минал ригорозните тестови во Дицинген, каде што добил нов подвижен покрив кој подобро би одговарал на кожниот ентериер.

tm04

Новиот британски сопственик освојувал бројни награди на изложбите на олдтајмери. Особено бил горд на ситните детали кои ги потврдувал секој кој ја имал среќата да седне во патничкото седиште на овој автомобил. Две југословенски знамиња со хромирани јарболи, две регистарски таблички како и капата на шоферот се само дел од автентичните предмети кои одат во пакет заедно со автомобилот.

Сподели на Facebook
пати видено