Повеќето од нас се запознаени со митот за Атлантида, легендарниот потонат град, опишан од античкиот филозоф Платон. Но има и една друга, помалку позната легенда која наликува на оваа. Станува збор за изгубениот континент Лемурија, често поврзуван со легендата за Кумари Кандам, од страна на луѓето кои го зборуваат Тамилскиот јазик.

Името Лемурија се појавува во 19 век. Англискиот геолог Филип Склатер бил збунет од присуството на фосили од лемури на Мадагаскар и Индија, какви што немало во Африка и на Блискиот Исток. Во својата статија од 1864 година, наречена “Цицачите на Мадагаскар”, Склатер претпоставува дека Мадагаскар и Индија некогаш биле дел од многу поголем континент, кој тој го нарекува Лемурија. Теоријата делумно му е прифатена од научната заедница, бидејќи таа објаснува како лемурите мигрирале од Мадагаскар во Индија и обратно во минатото. Со појавата на современите сфаќања за тектонските плочи и нивните движења, теоријата на Склатер била отфрлена, но идејата за изгубениот континент останала да живее, а некои се уште веруваат дека Лемурија всушност бил континент кој постоел во минатото.

Едни од тие луѓе се тамилските националисти. Терминот „Кумари Кандам“ се појавува за прв пат во 15 век во Канда Пуранам, што е тамилската верзија на „Сканда-Пуранам“. Приказни за древна земја со која владееле Пандијански кралеви, проголтана од Индискиот Океан се забележани во многу претходни литературни творби на Тамил народот. Приказните за Лемурија стигнале и до колонијална Индија, во период кога фолклорот станал дел од историјата и се прифаќал како факт. Како резултат на тоа, Лемурија набргу била изедначена со легендата за Кумари Кандам.

Некои тврдат дека кралевите кои управувале со Кумари Кандам, вледееле со целиот индиски континент и дека тамилската цивилизација е најстарата во светот. Кога Кумари Кандам потонал, неговото население заминало да живее на други места во светот, по што се основале различни цивилизации. Од тука тргнува и верувањето дека изгубениот континент е лулка на човечката цивилизација.

Но колку е вистинита приказната за Кумари Кандам? Според истражувачите на Националниот институт за океанографија во Индија, нивото на морето било пониско за околу 100 метри пред околу 14.500 години и со 60 метри пред околу 10.000 години. Затоа е сосема можно да имало копнена врска помеѓу Шри Ланка и континентална Индија. Бидејќи глобалното затоплување се зголемило пред околу 12.000 години, зголеменото ниво на морските води довело до периодични поплави. Овие поплави би можеле да ги потопат древните населби лоцирани во крајбрежните области на Индија и Шри Ланка. Приказната за оваа природна катастрофа можеби е пренесувана од генерација на генерација се додека не се претворила во легендата за Кумари Кандам.

Еден од доказите во поддршка на легендата за постоењето на Кумари Кандам, е Адамовиот мост направен од песок, мали камчиња и корали, кој го поврзува копното на Индија со Шри Ланка. За овој мост се верувало дека е природно формиран, меѓутоа некои научници веруваат според сликите земени од сателитот на НАСА, дека оваа копнена формација е долг скршен мост под површината на океанот. Како и кај останатите т.н. митови се чини дека постои веројатност да има вистина во легендата за Кумари Кандам, но колку од приказната е вистина допрва треба да се утврди.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено