– Драги, што ти е?
– Денес имав многу лош ден… Сега ми треба твојата орална поддршка.
– Мислиш – морална!
– Не.

– – – – – – –

– Жената мисли ќе ме исплаши, ме остави сам неколку дена, за да видам дека не можам без неа! А јас одлично се справувам!
– Така ли?
– Па да, еве вчера на пример, за вечера си испеков супа…

– – – – – – –

– А мојот сопруг не дојадува, не допива и не допушува.
– Значи да не прашувам зошто немаш деца?

– – – – – – –

– Ајде да играме криенка…
– Како?!
– Ќе се скриеш од мојот живот и јас нема да те најдам. Ти ќе победиш а јас ќе бидам среќен…

– – – – – – –

Бев на гатачка. За 500 денари ми кажа дека ќе има скандал дома денес. Одам дома, тишина, сѐ е мирно, жената и мајка ѝ си пијат кафе. На крај ја отерав бабата во ПМ. Па нема јас џабе да фрлам пари!

– – – – – – –

– Жено, знам како да заштедиме од нашиот одмор на море!
– Како?
– Ти нема да дојдеш…

– – – – – – –

– Дали сум дебела дебела?
– Спиј сега, утре ќе се караме.

– – – – – – –

– Те тепаа ли вчера за единицата по математичката?
– Ц! Мама му врескаше на тато, затоа што во џебот му ставив кондом…

– – – – – – –

– Мамо, имам дечко… комшијата Пејо, го знаеш.
– Но душо, тој може да ти биде татко!
– Годините не се важни!
– Не ме разбра…

– – – – – – –

Некој ѕвони на рецепцијата на хотелот:
– Помогнете ми, се скаравме со мајката на жена ми, соба 542, таа вели дека ќе скокне низ прозорецот!
– Господине, тоа се вашите лични односи, хотелот не е одговорен.
– Како не е?! А зошто не ви се отвораат прозорците?!

– – – – – – –

– Ја напуштивте земјата на возраст од 18 години, сосема сиромашен и со сопствени сили станавте светски познат бизнисмен, кој донираше милиони на оние кои имаат потреба од целиот свет. Што ве натера сега да се вратите во својата татковина – Македонија?
– Видете, со мојата сопруга секоја година одиме во различни земји. Посетивме многу, па не знаеме каде да одиме сега. Така решивме да ја ставиме картата на светот на ѕидот и да фрламе со стрелка за пикадо – каде ќе падне, таму одиме. Ја закачивме мапата, ја фрливме стрелката, но таа скокна и падна во кантата за ѓубре. И тука сме во Македонија.

– – – – – – –

Јас сум автомеханичар и многу ги сакам автомобилите. Две години собирав пари за билет за саемот во Женева. Отидов. Незаборавно! Детално разгледав што никогаш нема да возам и со какви никогаш нема да легнам.

– – – – – – –

Најголемата глупост во мојот живот: Собрав пари и си купив S-Class со темни стакла… Сега морам да возам со отворени прозорци за да ме видат кој сум…

– – – – – – –

– Која е најоткачената работа што си ја направил за пари?
– Се вработив.

– – – – – – –

– Се зачленив во градскиот хор, сега секој петок сум на хор…
– Во хор? Дали си луд?
– Зошто бе? Се собираме, пиеме, пушиме, играме карти, билијард…
– А кога пеете?
– Кога си одиме накај дома…

– – – – – – –

Сопругата ми направи кафе сабајлево и ми го донесе во кревет. Потоа ми намигна.
Никогаш не сум бил толку уплашен да испијам нешто.

Сподели на Facebook
пати видено