Европската и Кинеската вселенска агенција се во преговори за изградба на населба на Месечината. Главниот секретар на Кинеската вселенска агенција ја потврдил соработката пред медиумите. Европската вселенска агенција(ЕВА) го опиша “Месечевото село” како меѓународна отскочна даска за идните мисии на Марс.

Тие не открија повеќе детали за нивната соработка, но минатата година од ЕВА го објаснија концептот на “Месечевото село”. “Се разботи за база за истражувачи на Месечината, роботи и луѓе, кои ќе имаат улога на попатна станица за вселенски летала и ќе станат ‘село’, со развиено рударство па дури и туризам”, вели Јан Воернер од ЕВА.

Воернер смета дека на патувањето во вселената му треба нова визија и тој вели: “Кога ќе кажам Месечевото село не мислам на куќи, црква, општина и слично, не, тоа би било погрешно наведување. Мојата идеја е да се опфати само суштината на селата, а тоа е заедничко живеење и работење на луѓето.”

Во оваа село би живееле астронаути од повеќе држави и сите би имале своја задача, почнувајќи од научни истражувања па се до туристички водичи. Од ЕВА сметаат дека Месечината ќе биде одличен начин да се направи чекор напред кон населувањето на Марс.

Кина својата прва вселенска програма ја започна во 2003 година, скоро 42 години откако космонаут од Советскиот Сојуз стана првиот човек во орбитата. Првата мисија на темната страна на Месечината ќе ја започнат следната година.

Сподели на Facebook
пати видено