САД има тајна мрежа од бункери, првично изградени во времето на Студената Војна за да се заштити владејачката елита во случај на напад со атомска бомба. Постои бункер под Белата Куќа, во близина на Камп Дејвид и уште на неколку локации насекаде низ САД.

Сопругите на државните власти не би биле носени во елитните скривници, но нивните секретарки ќе бидат сместени во бункерот. Исто така постои план за преживување со кој доколку снема од резервите на храна, ќе јадат диви птици, зајачко место и домашни миленици. Претседателот Џорџ Буш, потпретседателот Дик Чејни и државниот секретар Кондолиза Рајс биле сместени во бункерот под Белата Куќа за време на нападот на 11 септември.

Бункерот во Белата Куќа е реновиран во 1950та година, тајно под изговор дека плафонот е оштетен и потребно е реновирање на куќата. Додека идејата за Рејвен Рок била да се изгради воена база која ќе функционира како алтернатива на Пентагон и ќе биде ископана во планина и доволно длабоко за да преживее руски напад. На тој начин било изберено и местото за бункер во близина на Камп Дејвид. Неговата изградба започнала во 1951 година и наводно чинела 17 милиони долари.

Околу 300 мажи работеле деноноќно за да направат тунел длабок 1.100 метри, а инжинерите измислувале нова технологија во текот на изградбата. Имало канцелариски простор од 9.300 метри квадратни, во 5 пештери доволно големи за да се изгради 3-катна зграда во нив.

Објектот можел да собере 1.400 луѓе и биле вградени огромни федери за да се намали влијанието на експлозијата. Ваква механизација дури била вградена и под тоалетот во случај ако ги погоди бомба додека се олеснуваат.

Слична ваква изградба на бункер започнала наредната година во Вирџинија, објект познат под името Mount Weather, кој имал и ТВ станица за известување по нападот, 20 воени бараки и соби за ВИП личности. Овие два објекти и денес остануваат главните бункери за владејачката елита.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено