С’нцето пекна
се развика и комшијата
ставате бре човеци
нели а бериме Картошијата

Товарен со тракторт на една нагорнина
десната гума на прикулицата се скина
Каа се врти каа се мачи
ма шо а е.ам фана а откачи

У Еурокап отиду
малигани да мерам
види небитница дааа
незнам дали да го бера

Ваа година ни малигани не мерам
туку дрва ке наберам
ни на лојсто не го оставам
сето ракија ке го сварам

Грозјето веке сето ми е обрано
а цревото за вадење оште не ми е собрано.

Ногу аргати се собраме
ама го ебаме
пола го изобаме

Теткe колку пари се чушките
мислам 30 денара ми речи
ма колку сака нека бидат
секко ми се за печи-гмечи

Ногу странка воа лојсто
тракторот со корпата у редот не влегуе
арно јаки мажишта се одбраме
оти сам не се изнесуе

Од претовар тракторт
од брзина ми избаци
од стра ми се стресија
и нози и раци.

А бре Ване
нуму си играј оро
дигај а ручната
закочи го поскоро

Кој че отиде
чушки да купе
само че пече
нема да лупе

Шпорето надвор го изнесиме
комшиките сите се наседнаа
ама сето џабе испадна
чушките не стигнаа

Автор: Тоше Постолов

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.

Сподели на Facebook
пати видено