Роберт Вилкинсон(1768 – 1825) бил англиски картограф и издавач на атласи. Повеќето од мапите на Вилкинсон биле изведени од издавачот на англиски карти, Џон Боулс. По смртта на Боулс во 1779 година, Вилкинсон ја стекнал библиотеката со мапи на Боулс. Откако ја добил библиотеката за мапи, Викинсон ги ажурирал плочите до 1794 година, кога го издал „Универзалниот атлас на светот“.

Од голема важност за нас и за вистинскиот идентитет на Македонија е „Atlas Classica“, кој Роберт го издал во 1797 година и во кој преку картите се гледа важноста и влијанието на Македонија за тој период. Овој атлас со карти е илустративен приказ на античкиот свет и е поделен во неколку делови, со цел да биде полесен за сфаќање.

Бидејќи „Atlas Classica“ е издаден многу одамна, авторските права се истечени и Атласот е јавно достапен за секој да може да го користи. Можете да си го симнете и да го разгледате на следниот линк.

Македонија е засегната од првиот и третиот дел. Првиот дел од атласот е наречен „Света географија“ и се состои од сет на карти наменети да ја објаснат „Светата историја“ односно патот на Апостолите, кралевите, пророците и сите земји се точно потенцирани. Податоците за да се изготви картата се земени од Стариот и Новиот завет на светото писмо. Територијата на Македонија е многу прецизно означена на картата.

Tретиот дел, насловен како „Античка географија“, се состои од мапи кои се адаптирани да ги прикажат тврдењата и описите кои се дадени од Класичните Автори.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено