Италијанските архитекти од Карло Рати Асошиати се претставија со нов дизајн за пловна сала за вежбање која се движи со помош на чвечка енергија. Дизајнирана да се спушта по реката Сена, 20-метри долгата Париска навигациона сала ќе биде опремена со револуционерни машини за вежбање Артис на Техноџим.

Салата е со пространи стакла што на посетителите ќе им овозможува уникатно разгледување на Париз за време на нивното вежбање. Карло Рати, еден од партнерите коосновачи на Карло Рати Асошиати вели: „Париската навигациона сала го испитува потенцијалот на употреба на човечка енергија. Фасцинантно е да се види како енергијата произведена од луѓе кои вежбаат навистина може да движи чамец. Ова на човек му дава опипливо искуство за тоа што се крие зад често апстрактниот поим за електрична енергија.“

sl01 sl02 sl03 sl04

Сподели на Facebook
пати видено