Генетското модифицирање ветува потенцијал човештвото да стане посилно, поздраво и поиздржливо на болести. Но, секое вештачко зголемување на човечките способности носи ризик од појава на нова класа „супер-луѓе“. Сепак, тој ризик треба да се преземе ако сакаме да се спасиме од следното масовно изумирање, смета харвардскиот научник Хуан Енрикес. Тој тврди дека вештачкото подобрување на гени, клетки и органи ќе ни биде неопходно за да можеме да си побараме дом на некоја друга планета.

gn

Прогнозите на Енрикер предвидуваат иднина во која човечките клетки ќе можат да се обноват по радијација, лесно да се преборуваат со смртоносни вируси како ХИВ, па дури и да одбиваат куршуми. Доколку човечкото тело не се промени, навистина ќе ни биде тешко да живееме на Марс. Промените ќе ни овозможат да стигнеме до места за кои денес и не сонуваме, смета научникот.

Досега се регистрирани пет масовни изумирања на видови во историјата на Земјата, и Енрикес тврди дека е многу веројатно и човештвото да се исправи пред слична иднина. Супер вулкани, астероиди или сончеви бури би можеле да го уништат човештвото за миг. Научникот од Харвард објаснува дека генетската модификација би можела да се употреби за подобрување на човечкиот геном во текот на следниот век. Според него, возможно е дијаметарот на невроните во мозокот да биде зголемен, со цел да се подобри времето на реакција на поединците.

Генетски препрограмираните човечки клетки ќе можат да се обновуваат од смртоносната радијација на Марс, а белите дробови и ткивата би можеле да бидат генетски преработени така што да можат да собираат повеќе кислород во условите на атмосфери сиромашни со кислород на некои други планети.

Ткивата исто така би можеле да бидат изменети за подобро да ги филтрираат смртоносните токсини. Со текот на времето е возможно луѓето да постигнат совршено генетско здравје и да се ослободитме од болести како муковисцидоза и Хантингоновата болест. Човечките клетки би можеле да бидат препрограмирани и да им одолеат на инфекции од смртоносни вируси како ХИВ.

Хуан Енрикес не е првиот експерт кој прогнозира дека човештвото ќе се промени во текот на следните векови. Според други сценарија, нашите тела во иднина ќе бидат спој меѓу човек и машина. Според експертите, климатските промени, вештачката интелигенција и генетските мутации драстично ќе го преобразат човекот.

Доколку имате проблеми со англискиот, пуштете си автоматски македонски превод на видеото.

Сподели на Facebook
пати видено