Еден професор сакал да се пошегува со учиниците за време на едно од неговите предавања. Тој им се обратил на младите:

„Дали сакате да бидете среќни? Веднаш можам да ве направам среќни, можам да ви дадам вечна среќа. Дали некој од вас го сака тоа?“

Многумина од присутните кренале рака.

„Одлично!“, продолжил професорот. „Ќе добиете среќа во замена за сè што имате. Дајте ми сè што го поседувате и јас ќе ве направам среќни.“, рекол тој.

Учениците го гледале збунето. Мислеле дека зборува метафорички.

„Јас ви ветувам! Не се шегувам!“, сериозно им одговорил професорот.

Тогаш рацете на учениците почнале да се спуштаат и тој рекол: „Аха … Не сакате. Никој не сака …“

Потоа им објаснил на учениците дека ја поврзуваме среќата со удобност, успех, слава, авторитет, аплауз, пари, уживање и привремено задоволство. Среќата всушност е прашање на избори и одлуки.

Сподели на Facebook
пати видено