Дали олигарх значи „Богат тип, кој не треба да го прашуваш од каде му се парите“? Според Стивен Колберт ова е вистинската дефиниција, која што држи вода. Милијардерот, сопственик на Brooklyn Nets Михаил Прохоров, му покажува на Стивен Колберт за емисијата „The Late Show“ како живее еден руски олигарх.

Во 1995 година Михаил Прохоров, пријател на Путин се збогатил така што купил рудник за никел во сопственост на државата. 12 години подоцна тој патувал во луксузен ресорт во Франција да се забвува со 20 руски манекенки, за кои полицијата тврдела дека се проститутки и го уапсиле за трговија со луѓе. Но, тој никогаш не бил обвинет, но целиот инцидент бил толку скандалозен што Владимир Путин го присилил да го продаде неговиот дел од рудникот, но тоа се случило во моментот пред да падне светската економија и така бизнисменот повторно бил во плус.

Михаил е толку богат, што има свој авион, а неговата јахта е толку голема што има своја јахта. Тој исто така се кандидирал за претседател но изгубил од Путин, а многу луѓе шпекулираат дека тоа бил и планот. Џеј-Зи и Михаил се пријатели затоа што, Прохоров е сопственик на кошаркарскиот тим Brooklyn Nets.

Стивен е поканет во домот на Михаил и со помош на сарказам и одлична смисла за хумор се обидува да открие како функционира овој олигарх. Додека го разгледува домот на Михаил, Стивен е воодушевен од луксузот, но голем впечаток му остава автоматската пушка, Калашников АК-47, која што Михаил ја изложил како украс.

Познатиот водител му „прави“ и Тиндер профил за да му најде девојка на Михаил, во кој вели дека напишал „Се збогатив со рударство, но уште не го пронајдов мојот скапоцен камен“. Исто така Михаил му приготвува на Стивен „олигархиска ужинка“ и одат да вежбаат заедно на едно „посебно место“, кое што Прохоров го изградил самиот за да вежба древна боречка вештина од Тибет.

Сподели на Facebook
пати видено