Ејоб Фаниел сосема неочекувано му се израдува на првото место на маратонот во Венеција. Инцидентот се случил кога во финалниот дел на 42-километарскиот маратон, 6 тркачи се бореле за првото место. Моторот што возел пред нив по грешка свртел по друга патека и фаворитите тргнале по него. Така во трка за првото место останале Италијанецот Ејоб Фаниел и африканскиот тркач Мохамед Муса, бидејќи останатите тркачи додека да се вратат на патеката изгубиле по 2-3 минути.

Сподели на Facebook
пати видено